Кинотека: Француски нов бран, музички земјотрес и тајни филмски архиви
Updated: Aug 5, 2021
04.08.2021 Sreda Avgust
Кинотеката започна со богатата августовска програма, која за овој месец најавува атрактивни филмски наслови. По “WhereWeBelong?“ поетска приказна за тоа како младите се справуваат со разделбата на нивните родители на швајцарската режисерка ЖаклинЦинд, се најавуваат и иконите на францускиот нов бран – „До последен здив“ на Жан-ЛикГодар, „400 удари“на ФрансоаТрифо, „Еден човек и една жена“ на КлодЛелуш, како и трилогијата на украинскиот режисер од ерата на Советскиот Сојуз, Александар Довженко, која е задолжителна лектира за секој филмофил
„Каде припаѓаме?” e прашањето кое сè почесто во денешно време го поставуваат младите во рамките на своето семејство кое од било какви причини почнува да се распаѓа. Токму ова прашање го обработува и истоимениот документарец на швајцарската режисерка ЖаклинЦинд со кој вчеравечер започна богатата августовска програма на Кинотеката која за овој месец најавува атрактивни филмски наслови. “WhereWeBelong?“ е поетска приказна за тоа како младите се справуваат со разделбата на нивните родители, а темите на филмските приказни и во наредните денови сигурно ќе го привлече вниманието на филмофилите кои на овие горештини не заминале од Скопје.
Кинотеката избра и неколку наслови за августовската програма кои биле особен целулоиден печат на своето време, а денес ги гледаме во „блу-реј“ формат.
Тука се иконите на францускиот нов бран – „До последен здив“ (À boutdesouffle / Breathless) од 1960 на Жан-ЛикГодар, „400 удари“ (LesQuatreCentsCoups / The 400 Blows) од 1959 на ФрансоаТрифо, „Еден човек и една жена“ (Unhommeetunefemme / A Manand a Woman) од 1966 на КлодЛелуш, како и трилогијата на украинскиот режисер од ерата на Советскиот Сојуз Александар Довженко, кој е задолжителна лектира за секој филмофил, составена од немите филмови „Звенигора“ (1928), „Арсенал“ (1929) и „Земја“ (1930).
„Овие три филма се тематски различни, но се филмови со заедничка естетска нишка, и не ретко во текстовите на историчарите на филмот покрај нив задолжително стојат епитетите како ’чиста поезија’, ’визуелна симфонија’…“, велат од Кинотеката, од каде што најавуваат и дека августовската програма ќе биде вистински предизвик и за музичките „гурмани“.
Документарниот филм „Нов бран – 40 години подоцна“ ќе го означи почетокот на деновите на „Кроацијарекордс“ во Скопје, и е своевиден вовед во тематскиот блок од неколку документарци кои се занимаваат со феноменот на „музичкиот земјотрес“, по кој звучните слики на Љубљана, Загреб и Белград (делумно и Скопје) веќе никогаш не беа исти. На програмата се „Небесна тема“ (Nebeskatema / CelestialTheme) на Младен Матичевиќ, „Среќно дете“ (Sretnodijete / Happychild) на Игор Мирковиќ, „Музиката е уметност на времето 1: LP filmPankrtiDolgcajt “ (Glasbaječasovnaumetnost 1: LP filmPankrtiDolgcajt – MusicIstheArtofTime, LP FilmPankrti -NoFun) на Игор Зупе, потоа „Музиката е уметност на времето 2: ЛП филм Булдожер „Плукни и на вистината в очи“ (Glasbaječasovnaumetnost 2: LP filmBuldožer – Pljuniistini u oči / MusicIstheArtofTime 2: LP filmBuldozer – SpitTheTruthInTheEye) на Варја Мочник, и “Музиката е уметност на времето 3: Лајбах (Glasbaječasovnaumetnost 3, LP filmLaibach / MusicistheArtofTime 3, LP filmLaibach), повторно на Игор Зупе.
„Блокот со музичките документарци продолжува со ’55. издание во живо: нов свет (не)поредок: еко-вознемиреност и миграции’ (LiveSoundtrack 55 – Newworld (dis)order : Eco-anxietyandmigrations), а потсетуваме и на традиционалната чалгаџиска музика со документарецот ’Кеиф’ – македонска чалгиска традиција (Keif – Macedonianchalgiatradition) на Блаже Дулев.
„Тајните филмски архиви на градот – втора приказна“ на Вардар филм, пак е добра можност да видите како вашите сограѓани од постарите генерации во времето кога немало смарт телефони си ги сочувувале спомените. Проектот кој се реализираше со поддршка на Град Скопје и во соработка со Кинотеката на Македонија, прибра 8-милиметарски ленти преку јавен повик до граѓаните кои во своите домови сè уште чуваат вакви материјали…“, посочуваат од Кинотека.
Comments