Кинотека на Македонија обучува лица за евтина дигитализација на филмови
Кинотека на Северна Македонија прв пат е дел од проект во рамки на ЕРАЗМУС + програмата, подржана од Европската Унија. Проектот е од областа на стручното образование и обуки и е во соработка со партнери од Бугарија (СОКИ од Бугарија се раководители на проектот), Германија и Холандија.
Евтината дигитализација на стари филмови, соопштија денеска од Кинотеката, реферира на дигитализација на 8-милиметарски и 16-милиметарски филмски ленти како и магнетни носачи на слика (VHS, BETA, S-VHS, SUPER8…).
Проектот, подвлекуваат од таму, развива и интернет платформа на која секој ќе може бесплатно да се обучи во сферата на евтина дигитализација на стари филмови, и истата е веќе функционална за запознавање со проектот (https://mobireel.eu/).
Во текот на следните месеци, обуката ќе биде достапна на пет јазици, меѓу кои и македонскиот. Тој што ќе ја помине целата обука ќе обезбеди поени за себе и со тоа ќе добие сертификат за успешно завршена обука во сферата на стручното континуирано образование. Тоа значи, потенцираат од Кинотека на Северна Македонија, дека овој сертификат ќе биде меѓународно признат и ќе може да се користи во земјите на Европската Унија.
Kommentare