Search
„Кино на отворено” овој викенд во Кисела Вода
Викендов, Општина Кисела Вода продолжува со „Кино на отворено“ во паркот „Македонија“, веднаш до Домот на културата „Билјана Беличанец“. В сабота и недела, 26 и 27 август, со почеток од 20.30 часот, ќе бидат прикажани по две епизоди од серијалот „Викенд на мртовци“, потоа и филмот „Кајмак“ в сабота и „Ах, љубов моја“ в недела. Програма: Сабота 26.8.2023 20.30 – 22 ч – две епизоди од серијалот „Викенд на мртовци“ 22 – 23.30 ч – „Кајмак“, во режија и сценарио на Милчо Манчевски Недела 27.8.2023 20.30 – 22 ч – две епизоди од серијалот „Викенд на мртовци“ 22 – 23.30 ч – „Ах, љубов моја“, во режија на Коле Ангеловски
Comments