Кинеските фанови на „Пријатели“ лути по реобјавувањето на серијата со цензура
Кинеските фанови на американскиот серијал „Пријатели“ изразија незадоволство кога забележаа цензура во неодамна реобјавените епизоди од омилената серија, вклучително и ЛГБТ-теми. Неколку големи кинески стриминг-страници, вклучувајќи ги Tencent, Baidu’s IQiyi Inc, Alibaba’s Youku и Bilibili, почнаа да ја прикажуваат првата сезона на серијата во петокот (11 февруари), што е прво повторно објавување во Кина по повеќе години. Но, фановите набргу забележаа дека некои делови од серијата се разликуваат од она што го виделе претходно и се пожалија на цензура што вклучува отстранување лезбиски, геј, бисексуални и трансродови содржини, како и погрешни преводи. На пример, разговорот во кој Рос (еден од главните ликови) објаснува дека неговата сопруга е лезбијка е избришан. Друга сцена, каде што друг лик, Џои, предлага да одат на стриптиз-џоинт, е преведена како „ајде да излеземе и да играме“ на верзијата прикажана на „Тенсент видео“. „Ројтерс“ потврди дека верзијата на „Тенсент“ од повторно објавената сезона ги вклучува тие промени.
Comments