top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кинескиот ровер „Зуронг“ испрати снимка од Марс

30.06.2021 Juni Sreda

Кинеската национална вселенска агенција (ЦНСА) објави видеоснимка од новиот ровер „Зуронг“, што се наоѓа на Марс. На овој робот е инсталирана безжична камера, која го снимила истражувањето на регионот познат и како Утопија Планитиа. Досега „Зуронг“ поминал 236 метри за време на 42 дена на Црвената Планета. Поточно на Марс еден ден трае нешто повеќе од оној на Земјата – 24 часа и 39 минути. – Орбитерот и роверот се во добра работна состојба и безбедно нѐ известуваат од Марс – стои во соопштението на агенцијата. Научниците се надеваат дека роботот ќе забележи уште повеќе работи, а направен е да работи околу 90 марсовски денови. Возилото е тешко околу 240 килограми, има висок јарбол што се отвора и овозможува движење, а на него се наоѓаат камери што снимаат и прават фотографии. Машината со себе носи и пет алатки, со кои ги испитува камењата, па дури ја мери и силината на ветерот на површината на Марс. На роботот е инсталиран и ласер што може да сече камен, за да се види неговата внатрешност, а тука е и радарот што наоѓа вода или мраз под површината на планетата. „Зуронг“ е трет активен ровер на Марс. Тој им се приклучи на американските ровери „Кјуриозити“ и „Персеверанс“. „Кјуриозити“ се наоѓа на планетата од 2012 година, додека „Персеверанс“ таму стигна во февруари годинава. Инаку, Кина има амбициозен план да направи своја база на Марс, а во тоа ќе ѝ помогне и овој ровер, кој го испитува теренот. За 2033 година е најавена првата мисија во која ќе има и човечки екипаж.



2 views

Comments


bottom of page