Кинескиот ровер jа откри мистеријата за „колибата“ на Месечината
Кон крајот на минатата година, кинескиот ровер „Јуту-2“ забележа мистериозен објект во форма на коцка додека се движеше низ кратерот VOn Карман на Месечината. На социјалните мрежи веднаш почнаа теориите за вонземјани, но сега мистеријата е решена.
Откритието првично дојде во ноември, кога објектот беше наречен „мистериозна колиба“ и „мистериозна коцка“. Бидејќи бил далеку, кинеската вселенска агенција објави дека роверот „Јуту-2“ ќе се упати кон него за да ја разоткрие мистеријата.
Сега конечно се знае за што станува збор. Тоа не е особено интересен објект, туку обична карпа. Тимот на „Јуту-2“ ја нарече карпата „Зајак од жад“ (Jade Rabbit) поради нејзината сличност со ова животно.
Во јануари 2020 година, тимот на „Јуту-2“ објави фотографии од Месечината, односно од темната страна на Месечината, први во историјата. Тие се снимени од камера на лендерот „Чанг-4“, како и од панорамска камера на роверот „Јуту-2.“ Станува збор за 17.239 датотеки, односно 20,9 гигабајти податоци.
Comments