Кинескиот „Планина на смртта” пред македонската публика
- Aleksandar Santovski
- Jun 16, 2022
- 1 min read
Кинескиот филм „Планина на смртта” (Cloudy Mountain) во режија на Ли Јун од 16 јуни ќе започне да се прикажува ширум кината во земјава.
Во филмот, татко и син ќе се обидат да ги сочуваат својот град и новоизградениот тунел од природните катастрофи. Приказната во филмот, со која публиката може да се поистовети, се скромноста и личната заложба, бидејќи дејството не се занимава со спасување на целиот свет, туку на својот град, својот микроуниверзум во кој непријателот не е некој странец со супермоќи, туку самата природа. Во главните улоги во филмот се појавуваат актерите Ји Лонг Зу, Зи-Зонг Уанг и Шу Чен.
„Првите филмски критики го карактеризираат како интересен, возбудлив и освежувачко искрен филм, додека, пак, интересот беше насочен кон напорниот тренинг на актерите Ји Лонг Зу и Зи-Зонг Уанг, кои вежбале еден месец на ѕидот за искачување со професионални инструктори со цел колку што е можно поуверливо да ја доловат спецификата на катастрофата“, посочува дистрибутерот на филмот.

Comentários