top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кин предвиде што ќе се случи во последните 9 рунди во Премиер лигата: Се уште имам јасен фаворит

Гери Невил смета дека Арсенал ќе стане шампион во Премиер лигата доколку го победи Ливерпул на „Енфилд Роуд“ претстојнавата недела, но за разлика од него, Рој Кин се уште верува дека „топчиите“ ќе се сопнат и Манчестер Сити ќе го одбрани трофејот во англиската елита.

Легендарниот капитен на Јунајтед од стартот на сезоната го фаворизира Сити и потенцира дека момците на Пеп Гвардиола се пресилни за конкуренцијата, нешто што не е одразено на првенствената табела каде Арсенал има осум бода повеќе со натпревар повеќе.

Ова изгледа како прилично добра позитива пред последните 9 натпревари за Арсенал, но Кин верува дека во клучните мечеви ќе дојде до нервоза кај момчињата на Артета кои не се запознаени со таков притисок.

– Арсенал е во одлична позиција за титулата, не го замислував ова на стартот на сезоната, но вистината е дека беа брилијантни. Младите играчи беа константни досега, се фокусираа само на лигата. Испаднаа во Европа и сега се фаворити за трофејот.

– Сепак, јас се уште сметам дека нема да успеат во тоа, се уште го фаворизирам Сити и покрај тоа што Арсенал е во подобра позиција. Што и да направат, никој не може да им замери, особено бидејќи за противник имаат брилијантен тим. Следат натпревари на кои ќе имаат огромен притисок, а со тоа се немаат соочено последните години. Дури минатата година потклекнаа под притисокот за топ четири. Сепак, им оставам простор за докажување, ако успеат да издржат до крајот, заслужуваат аплауз. Момчињата треба да станат мажи за да се случи тоа, – вели Кин.


0 views

Comments


bottom of page