Кин: Повеќе не сум лут, ова не е клубот за кој играв
Манчестер Јунајтед претрпе нов тежок пораз од големиот ривал Ливерпул, пораз по кој прашање е дали „црвените ѓаволи“ ќе можат да закрепнат и да останат во игра за Топ 4 пласман во Лигата на шампионите.
Јунајтед прими четири „парчиња“ на „Енфилд Роуд“ или севкупно во овогодинешните пресметки со Ливерпул има гол разлика 9-0 што е вистинска катастрофа за клубот кој долги години доминираше во Англија.
Еден од тие асови кој се радуваше на успеси со клубот дефинитивно е Рој Кин кој освои седум лигашки титули за 12 години на „Олд Трафорд“. Меѓутоа овој состав, ова време никако не може да се спореди со она во кое Кин беше главен, па Ирецот беше брутално искрен и испрати порака во негов стил.
-Бев лут на почетокот на сезоната, сега е само тага. Погледни го тимот денес… Таму нема срце, душа, лидери, им недостига вистински квалитет. Тие се толку далеку, а вие ги гледате навивачите на Јунајтед … едноставно нема изненадување со резултатот. Чувствувавте дека Ливерпул може да постигне гол кога и да тргне напред.
-Во клубот има неред од врвот, управата, навивачите немаат време за сопствениците. Ним им треба нов менаџер, им требаат играчи внатре, им требаат играчи надвор. Толку е тажно да се види дека овој Јунајтед не е клубот за кој настапував. Не играат со гордост. Толку е тажно да се гледа овој тим, -порача Кин.
Commentaires