Кин ги посочи двата натпревари на кои Арсенал ја загубил титулата во Премиер лигата
Рој Кин беше еден од оние кои не веруваа дека Арсенал ќе издржи до самиот крај во битката за титулата, но легендата на Манчестер Јунајтед до пред само еден месец беше прилично изненаден од борбениот и воинствен дух на избраниците на Микел Артета, кој сепак се распрсна во послеедните 30 дена.
Арсенал има убава преднсот на табелата и беше во пол-позиција за Премиер лигата во месец април, но само еден месец подоцна, Сити е на чекор од одбрана на титулата, особено по новиот пораз кој го претрпе тимот од Северен Лондон.
„Топчиите“ загубија од Брајтон со резултат 0:3, а во анализата за овој меч, Рој Кин понуди една поширока слика и посочи дека Арсенал титулата ја загубил на натпреварите против Вест Хем и Саутемптон.
Арсенал испушти преднсот од 2:0 против „чеканите“, додека против најслабиот тим на табелата се спасуваше од пораз и успеа да извлече бод дури во самата завршница (3:3).
– Арсенал беше навистина добар, но кога ќе се погледнат последните пет или шест недели, за мене се издвојуваат натпреварите со Вест Хем и Саутемптон. Сметам дека тука ја загубија титулата. Знаев дека ќе загубат од Сити, може да се дозволи и реми со Ливерпул, но доживеаја нокаут на двата меча со Вест Хем и Саутемптон. Арсенал беше фантастичен, победи на 25 меча, но сега се гледа дека веќе се физички и ментално истрошен. Завршниот заклучок е следен: Арсенал нема доволна сила и длабочина во тимот како Манчестер Сити, нависитна е едноставно, – вели Рој Кин.
Comments