top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кимих по „нокаутот“ во ЛШ: Не му е лесно на Тухел….

Баерн Минхен до пред само 20 дена се надеваше дека ќе има сериозни шанси да се бори за тројна круна и тоа го посочи самиот Томас Тухел на првата прес-конференција како тренер на првиот тим, но три седмици подоцна, реалноста изгледа нависитна поинакво и разочарувањето на „Алијанц арена“ е големо.

Тајмингот кој го избра раководството на Баерн за отпуштање на Јулијан Нагелсман се покажа како голема грешка и доказ за тоа се последните резултати на тимот, бидејќи покрај елиминацијата од Манчестер Сити во Лигата на шампионите, Баерн отпадна и од трката за титулата во Купот.

Единствена шанса за трофеј останува одбрана на титулата во Бундеслигата, што доколку не се случи ќе биде вистинско фијаско за Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ, но и за Тухел кој дојде во навистина незгодно време.

Играчите се свесни дека никој не може толку брзо да се адаптира на новите методи на наследникот на Нагелсман, а по мечот со Сити, за тоа зборувал и Џошуа Кимих.

– Тешко е да се каже што ќе направевме ако имавме друг тренер (мислејќи на Нагелсман). Да бидам искрен, мислам дека сите ќе имаме голем бенефит од Тухел, но потребно е времер за тоа. Не му е лесно на Тухел, дојде тука и веднаш се соочи со многу, многу тешки натпревари.

– Не може да го обвинуваме тренерот, или било што друго. Ние играчите сме тие кои играме на теренот и ние треба да ги поправиме работите. Ќе продолжиме напорно да работиме со Тухел и мислам дека на крајот ќе бидеме добри со него, – изјавил Кимих.


1 view

Comments


bottom of page