top of page

Кимих: Не одигравме најдобро, но не треба да се занемари една важна работа

15.04.2026 April Sreda

Во еден луд трилер натпревар на „Алијанц арена“, Баерн Минхен успеа да извојува победа во самата завршница и да слави триумф против Реал Мадрид, втор во период од девет дена.

По славјето од 1:2 на „Сантијаго Бернабеу“, Баерн со двата гола во финишот се избори за победа од 4:3, а тоа автоматски донесе пласман во полуфиналето во Лигата на шампиони каде ривал ќе му биде ПСЖ.

Во натпревар со многу грешки, Баерн немаше течна и брза игра како на голем број натпревари оваа сезона, но сепак успеа да дочека момент за два погодоци, а како клучно се покажа исклучувањето на Камавинга.

– Знаевме дека можеме да си нанесеме штета едни на други. Ние им правевме штета со високиот пресинг, додека Реал Мадрид ни правеше големи проблеми со брзата транзиција. Моравме да стиснеме на педалот за гас после лошиот старт, брзо се вративме, но повторно бркавме резултат.

– Првото полувреме беше хаотично, во вториот дел се договоривме да играме посмирено и поточно. Имавме повеќе контрола врз играта и на крајот победивме. Не бевме најдобри, ова не беа наши најдобри перформанси, но ќе ја прифатиме победата таква каква што е. Не треба да се занемари една важна работа, двапати победивме голем тим како Реал Мадрид во неполни десет дена, – изјави Кимих.


 
 
 

Comments


bottom of page