top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ким Бесинџер забележана првпат по долго време

Updated: Aug 11, 2021

10.08.2021 Avgust Vtornik

Ким Бесинџер беше една од најубавите жени во осумдесеттите и деведеститите и, секако, една една од најатрактивните филмски кралици кога глумеше Бонд-девојка во „Никогаш не кажувај никогаш повеќе“ со Шон Конери, и предмет на наклонетост на Мики Рурк во еротската драма „Девет и пол недели“. Во изминатите 20 години, сега веќе 67-годишната Ким стана самотник и многу ретко прифаќа филмски улоги. Но, минатата недела холивудската ветеранка ја забележаа за првпат откако поранешниот сопруг Алек Болдвин го дочека своето седмо дете во март годинава. Болдвин има шест деца со сопругата Хилари Болдвин и едно со Ким. Ким е фотографирана во населбата Студио Сити во Лос Анџелес, по посета во фризерски салон.





5 views

تعليقات


bottom of page