Километри љубов на концертот на Лозано во Дојран (фото)
- Aleksandar Santovski
- 6 days ago
- 1 min read
18.08.2026 Avgust Vtornik
Дојранчани и бројни туристи од земјата и регионот почувствуваа синоќа „километри љубов“ на концертот на Лозано во Градскиот парк, во Стар Дојран, како што е насловен неговиот хит „Километри“. Скромното момче од Кичево, кое почна во талент шоуто „Мак ѕвезди“ во 2007, заслужено стана една од најголемите наши поп-ѕвезди, градејќи ја кариерата постепено, со добриот глас и добрите песни. На концертот за кој влезот беше слободен, го докажа овој статус.
Концертот се одржа во рамките на летната програма во Дојран, а пред настапот на Лозано публиката имаше можност да ужива во настапот на Софија Манeва и K4 Band, кои започнаа во 20 часот.
Лозано и неговиот бенд на сцената се појавија во 22 часот и пред присутните приредија музичка вечер исполнета со познати песни и препознатлива енергија. Концертот беше со одличен звук и со сценографија која се преливаше во разни бои.
Настанот беше организиран од хотел „Романтик“ – Дојран, со поддршка од Општина Дојран.
Ви пренесуваме дел од атмосферата која Дојран долго ќе ја памети, со фотографиите на нашиот фоторепортер Борис Грданоски.
Градскиот парк, во Стар Дојран/ Фото: Б. Грданоски













Comments