top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кил е прв на листата на ЕХФ пред почетокот на ЛШ

15.09.2021 Septemvri Sreda

РАКОМЕТ

Во пресрет на денешните мечеви од 1. коло во Лигата на шампионите (ЛШ), Европската ракометна федерација (ЕХФ) традиционално го објави рангирањето за можностите на 16-те годинашни учесници во најсилното клупско натпреварување. Прв на листата на ЕХФ е Кил, кој во сезоната 2020/2021 стигна до четврт-финалето. Според ЕХФ, втор е Веспрем, кој сезонава првпат по шест сезони во низа не играше на завршниот турнир во Келн. Реконструираниот тим на актуелниот европски првак Барселона ја има третата позиција на рангирањето на ЕХФ, а Киелце се најде на четвртата позиција. ПСЖ е на петтото место, амбициозниот Алборг ја доби шестата позиција, Сегед е седми, Мотор ја има осмата позиција, Монпелје е деветти, а првите 10 на листата на ЕХФ ги заокружи Загреб. Сезоната во ЛШ ќе почне со денешните дуели Елверум – Вардар, Монпелје – Сегед, Мешков Брест – Кил (сите од 18.45 ч.) и Загреб – Алборг (20.45 ч.), а 1. коло ќе се комплетира со утрешните дуели Динамо – Киелце, Мотор – Порто, Веспрем – ПСЖ и Фленсбург – Барселона.


4 views

Comments


bottom of page