Киеза сака да му се оддолжи на Јувентус: Федерико одбил четири застрашувачки понуди за да остане во
Киеза сака да му се оддолжи на Јувентус: Федерико одбил четири застрашувачки понуди за да остане во Торино
Федерико Киеза остава зад себе навистина тежок и турбулентен период, бидејќи италијанскиот репрезентативец не е оној истиот откако заработи тешка повреда на коленото.
Кинењето на предниот вкрстен лигамент значително ја забави кариерата на брилијатното крило, кое иако се врати на теренот изминатата сезона, сепак не успеа да ја пронајде формата која го красеше претходно.
Честите проблеми со ситни повреди дефинитивно не му одеа во прилог на Киеза, кој откако ги остави најлошите 12 месеци зад себе, сега сака да му се оддолжи на Јувентус.
„Тутоспорт“ открива дека Киеза одбил четири застрашувачки понуди изминатиов месец од саудиски клубови како Ал Наср, Ал Итихад, Ал Хилал и Ал Ахли, а платата која му ја нуделе била речиси тројно повисока од актуелната.
Киеза одбил 20 милиони евра по сезона за да остане во Јувентус, каде смета дека има недовршена работа по ужасната сезона која ја имаше на индивидуален и тимски план.
Comments