top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кејхил: Целта на Синер е да биде подобар од Алкарас

Јаник Синер славеше на Аустралијан Опен и со тоа дојде до најголемиот успех, индивидуален резултат во досегашната кариера.

Италијанецот блескаше во Мелбурн каде до полуфиналето немаше загубено ниту еден сет, поточно во оваа фаза го доби Новак Ѓоковиќ со 3-1 за да во битката за трофејот со голем пресврт го добие Данил Медведев со 3-2.

Голема беше среќата и задоволството како кај Синер така и кај неговиот тим каде главен тренер е Дарен Кејхил. Токму Кејхил гледа напред и посочува дека целта на неговиот пулен е да биде подобар од Карлос Алкарас, односно го трга на страна Новак Ѓоковиќ кој е друга генерација и секако прашање е уште колку време ќе биде активен на големата сцена.

-Целта ни е Јаник да биде добар како Карлос Алкарас, а дај боже еден ден да биде уште подобар. Карлос го скрши мразот за младата генерација и ние сме му благодарни за тоа. Задоволство е да се гледа. Неговата победа против Новак во финалето на Вимблдон беше нешто посебно. Во моментов сме уште зад него, но ќе продолжиме да го следиме, -рече Кејхил и додаде:

-Во нив двајца гледам тениски суперѕвезди. Карлос и Јаник се слични по начинот на кој внесуваат високо ниво на емоции во играта, поради нивните карактери и допадливоста што ги сака публиката. Слични се надвор од теренот, си се допаѓаат, ќе биде пријателско ривалство. Ниту еден од нивните натпревари не е досаден.

-Секогаш верувавме во Јаник. Тој е посебно момче. Кога некој се движи како него, кога ја удира топката како него, кога некој сака да напредува како него, во одреден момент мора да дојде успехот. Наша задача како тренери е да го забрзаме тој процес и да го доведеме таму каде што сака да биде што е можно побрзо и да остане таму што е можно подолго. Сигурен сум дека нема да биде задоволен со овој успех. Тој никогаш нема да го направи тоа бидејќи секогаш сака да се подобрува, -заклучи Дарен кој веќе тројца играчи ги има донесено до првата позиција и тоа Лејтон Хјуит, Андре Агаси и Симона Халеп.


4 views

Comments


bottom of page