Кејхил го предупреди Ѓоковиќ: Надал ќе биде опасен на „Ју-Ес Опен“
Updated: Jul 19, 2021
16.07.2021 Juli Petok
Новак Ѓоковиќ доминира во оваа календарска година каде ги освои Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон со што дојде до бројката од 20 пехари на најголемата тениска сцена и на тој начин се израмни со Рафаел Надал и Рожер Федерер.
Секако желбата на првиот светски рекет е да ја продолжи оваа серија и да слави и на Ју-Ес Опен во Њујорк, да го комплетира златниот слем, а ако успее тоа да го направи ќе дојде до позицијата број еден кога се во прашање освоените грен слемови.
Србинот ќе ја има улогата на фаворит, но според Дарен Кејхил сериозен проблем за него може да биде Рафаел Надал кој одлучи да го скокне Вимблдон за да биде посвеж, поконкурентен за продолжението до сезоната.
-Надал ќе се обиде да го запре Ѓоковиќ во Њујорк. Знаете дека Рафа сака да игра во Њујорк, условите му се допаѓаат и има остварено големи успеси. Ќе игра цврст тенис на оваа подлога, ќе биде подготвен за предизвикот во Њујорк. Со нетрпение тоа го очекувам, борбата меѓу него и Ѓоковиќ за грен слемот, -истакна Кејхил кој е познат со работата со познати имиња како Лејтон Хјуит, Андре Агаси и Симона Халеп.
Инаку Новак во Њујорк има три триумфи, додека пак Надал четири победи.
Commenti