top of page

Кејти Пери остана заглавена во огромно шише среде публика: „Вратете ме на сцената!“видео и фото

30.07.2026 juli Cetvrtok

Настапот на поп-ѕвездата Кејти Пери на фестивалот „Ајл оф Ем-Ти-Ви Малта“ накратко се претвори во вистински хаос, откако остана заглавена во огромно шише на надувување кое публиката го носеше над своите глави.

Додека ја изведуваше песната „I Kissed a Girl“, 41-годишната пејачка влезе во огромното шише на надувување, кое требаше да биде оттуркано низ публиката до голема сламка поставена покрај сцената.

Но, наместо кон сцената, обожавателите несвесно почнале да ја движат во спротивна насока – кон задниот дел од публиката.„Однесете ме до таа сламка“, им довикувала Пери на фановите, покажувајќи кон сцената, се гледа на видеоснимките што се шират на социјалните мрежи.

Пејачката се обидувала со рацете да ја насочи публиката во вистинскиот правец, но шишето продолжило да се оддалечува.„Ајде, продолжете! Вратете се кон сцената! О, Боже!“, извикала таа додека останала затворена во шишето.

За среќа, по кратката забуна, публиката успеала да ја врати назад до сцената, по што Кејти Пери безбедно го продолжила концертот.„Ви благодарам што ме вративте“, им рекла на обожавателите откако ја завршила песната.

Ова не е првпат пејачката да доживее незгода за време на настап. Минатото лето, за време на турнејата „Лајфтајмс“, таа за малку ќе паднеше од летечка сценска реквизита во облик на огромна пеперутка за време на концерт во Сан Франциско, откако механизмот ненадејно откажал.

По инцидентот тогаш, Пери успеа да го доврши настапот, а подоцна и самата се пошегува на своја сметка на социјалните мрежи.

Во август 2025 година, таа објави фотографии од крвавите и изгребани колена што ги заработила за време на седуммесечната турнеја поради сложените кореографии.


 
 
 

Comments


bottom of page