top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кејт Мидлтон се пофали со своите рагби-вештини

Војвотката од Кембриџ стана првиот член на кралското семејство што презеде едно од покровителствата на принцот Хари откога беше прогласена за нова фигура на англискиот рагби. Кејт Мидлтон ги покажува своите вештини со топка додека го заменува принцот Хари како покровител на англиското рагби – станувајќи прв член на кралското семејство што го презеде едно од поранешните покровителства на принцот по т.н. мегзит. Кејт Мидлтон (40) утрово беше прогласена за нов покровител на Rugby Football League и Rugby Football Union (Рагби лига и Рагби фудбалски сојуз), улоги што претходно ги имаше принцот Хари, војводата од Сасекс. Најавувајќи го назначувањето на „Твитер“, Кејт напиша дека е возбудена што поддржува „две фантастични организации кои се посветени на искористување на моќта што спортот може да ја има во зближување на заедниците и помагање во напредокот на поединци“.




1 view

Comentarios


bottom of page