Кејт Мидлтон е кралица на модата, дури и со чанта од 33 евра фото и видео
- Aleksandar Santovski
- 6 days ago
- 1 min read
09.06.2026 juni vtornik
Кејт Мидлтон привлече големо внимание со своите модни избори на свадбата на Питер Филипс и Хариет Сперлинг.
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, присуствуваше на кралската свадба помеѓу Питер Филипс, внук на кралот Чарлс, и Хариет Сперлинг.
Европската модна кралица, како што често се опишува принцезата од Велс, уште еднаш покажа дека ја заслужува таа титула, само што ѕвездата на ова нејзино појавување беше прилично евтина чанта.
Кога станува збор за кралското семејство, секогаш очекуваме прескапа облека, дијаманти со интересна приказна зад нив, но Кејт е сосема спротивно од тоа.
За оваа свадба, таа избра фустан од дизајнерот Роланд Муре, кој чини околу 900 евра, но најголемо внимание украде нејзината едноставна чанта, плетена, со потпис на брендот Forever New, која чини само околу 33 евра, пишува Index.hr.
Својот моден изглед го комплетираше со беж потпетици, како и остатокот од нејзината облека, а чантата се распрода како молња штом Кејт ја „прошета“ на свадбата.






Comments