top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кејт Мидлтон гневна поради исмејувањето со Џорџ, најверојатно нема да објави роденденска фотографија

19.07.2021 Juli Ponedelnik

Војвотката од Кембриџ наводно е толку вознемирена од критиките кон принцот Џорџ што можеби оваа година нема да објави официјална фотографија од неговиот роденден, тврди кралски експерт. Малиот принц ќе наполни осум години в четврток (22 јули), а војводата и војвотката од Кембриџ традиционално ги одбележуваат родендените на своите деца објавувајќи фотографии од нив. Обично се гледа како младите кралски лица се забавуваат со разни игри и возење велосипеди, пренесува „Мирор“. Џорџ неколкупати беше на стадионот „Вембли“ за натпреварите на Англија во текот на Евро 2020 и доби негативни коментари на социјалните мрежи затоа што носеше костум и вратоврска како татко му. Кралската биографка Анџела Левин тврди дека ваквото исмевање со нивниот син може да ги натера Вилијам и Кејт да не објават нова фотографија од него. „Има шпекулации дека можеби нема да ја видиме фотографијата на принцот Џорџ кога тој ќе полни осум години бидејќи тие биле толку вознемирени од грубоста на луѓето што му се потсмеваат на мало момче на возраст од седум години“, рече Левин во емисијата The Royal Beat. Кралската дописничка на „Сандеј тајмс“, Роја Ника, не се согласи со мислењето на Анџела. „Мислам дека ќе објават барем една фотографија“, рече таа. Уште еден кралски експерт, Роберт Џобсон, претходно изјави дека принцот Џорџ ќе го држат подалеку од очите на јавноста откако беше цел на сурови тролови на „Твитер“.




3 views

コメント


bottom of page