top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кејт и Вилијам ќе ги водат прославите на платинестиот јубилеј на кралицата

Updated: May 16, 2022

16.05.2022 Maj Ponedelnik

Војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, ќе ги предводат прославите на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета во Обединетото Кралство.

Според „Фокс њуз“, војводата и војвотката од Кембриџ ќе бидат највисоките членови на кралското семејство што ќе отпатуваат надвор од Лондон во текот на славеничкиот викенд на монархијата следниот месец.

Кралската двојка ќе се упати во Велс, каде што живееше неколку години кога првпат се венчаа пред повеќе од една деценија, принцезата Ана ќе патува во Шкотска, а принцот Едвард и Софи, грофицата од Весекс, ќе заминат во Северна Ирска.

– Во текот на централниот викенд членовите на кралското семејство ќе ги посетат нациите во Обединетото Кралство за да го прослават платинестиот јубилеј. Членовите на кралското семејство ќе присуствуваат на ангажмани во секоја нација, вклучувајќи и јавни настани по тој повод – соопшти Бакингемската палата.


2 views

Comments


bottom of page