Кејт и Вилијам ќе ги водат прославите на платинестиот јубилеј на кралицата
- Aleksandar Santovski
- May 10, 2022
- 1 min read
Војводата и војвотката од Кембриџ, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, ќе ги предводат прославите на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета во Обединетото Кралство. Добивај вести на вибер Според „Фокс њус“, војводата и војвотката од Кембриџ ќе бидат највисоките членови на кралското семејство што ќе отпатуваат надвор од Лондон во текот на славеничкиот викенд на монархињата следниот месец. Кралската двојка ќе се упати во Велс, каде што живееше неколку години кога првпат се венчаа пред повеќе од една деценија, принцезата Ана ќе патува во Шкотска, а принцот Едвард и Софи, грофицата од Весекс, ќе заминат во Северна Ирска. „Во текот на централниот викенд членовите на кралското семејство ќе ги посетат нациите на Обединетото Кралство за да го прослават платинестиот јубилеј. Членовите на кралското семејство ќе присуствуваат на ангажмани во секоја нација, вклучително и јавни настани по тој повод“, соопшти Бакингемската палата.


Comments