top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кејт Винслет – актерка и извршна продуцентка на серијата „Палата“

Холивудската ѕвезда Кејт Винслет го стави својот потпис за да глуми и да биде продуцент на претстојната лимитирана ТВ-серија на Ејч-би-о, насловена „Палата“.

Славната 46-годишна актерка, која доби „еми“ за улогата во „Мер од Истаун“ (Mare of Easttown), ќе биде извршна продуцентка заедно со режисерот Стивен Фрирс и креаторот/шоуранер Вил Трејси.

Во соопштението за медиумите, Ејч-би-о открива дека кабелската премиум-мрежа нарачала серија, иако не е прецизирано колку епизоди биле нарачани.


1 view

コメント


bottom of page