top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кејт Бланшет постојано се обидува да го напушти актерството

Кејт Бланшет откри дека веќе подолго време размислува да прекине со актерството. Двократната оскаровка (54), која доби уште една номинација за најдобра актерка на минатогодишните „Оскари“ за улогата на опсесивна диригентка во „Тар“, се врати на големото платно со The New Boy, но рече дека сакала и да го продуцира филмот. Во текот на Канскиот филмски фестивал, на настанот Women in Motion таа рече: „Секогаш се трудам да се тргнам од глумата. Целиот мој професионален живот се обидував да престанам да глумам.“ Кејт разговараше со својот продуцент, Коко Франсини, и додаде дека нивната неодамнешна продуцентска работа зад објективот е всушнот проширување на нејзината работа како актер, и додаде дека секогаш се обидувала да дебатира за тоа дали да биде пред или зад камерата.



1 view

Comments


bottom of page