Search
Кејн ја продолжи голгетерската низа, Баерн со победа до првото место во Бундеслигата (ВИДЕО)
Тимот на Баерн Минхен оствари победа над Келн од 1-0 во премиерниот натпревар од 12. коло во Бундеслигата.
Актуелниот првак беше фаворит на овој дуел, статус кој го оправда со единствениот гол кој беше дело на кој друг ако не Хари Кејн. Англичанецот ја продолжи одличната гол серија во Баерн и со погодокот во 20 минута донесе три бода за клубот од „Алијанц Арена“.
За него ова беше 18. гол во германскиот шампионат со што сега има три повеќе од Гираси од Штутгарт.
Баерн со 32 бода е на првата позиција на табелата, поточно ќе биде тука најмалку до утре кога Баерн Ливеркузен ќе има шанса одново да се врати на врвот со позитивен резултат против Вердер Бремен.
Comments