top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кејн со еден хет-трик постави три рекорда

ФУДБАЛ – ПРВЕНСТВО НА ГЕРМАНИЈА

Хари Кејн постигна историски хет-трик (три гола на еден натпревар) во победата на Баерн на дуелот дома со Мајнц со 8-1 во 25. коло на германската фудбалска Бундеслига, со тимот од Минхен, што ја намали на седум бода разликата до водечкиот Баер, пред мечевите вчера (Баер му гостуваше на Волфсбург).Капитенот на репрезентацијата на Англија стана првиот фудбалер што постигнал четири хет-трика во дебитантска сезона во германската Бундеслига, а со досегашните 30 гола во лигата сезонава го израмни рекордот на Уве Зелер за најмногу погодоци во дебитантската сезона во првенството на Германија, пишува „Скај спорт“.Поранешниот напаѓач на англискиот Тотенхем, исто така, стана првиот фудбалер што постигнал најмалку два гола на осум натпревари во неговата прва сезона во Бундеслигата.Со хет-трикот, Кејн постигна вкупно пет гола во период од пет дена, откако тој постигна два гола во средината на неделата во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, дома со Лацио.На Кејн сега му требаат 11 погодока за да го израмни рекордот за број на голови во една сезона во германската Бундеслига, од 41 погодок на поранешниот напаѓач на Баерн, Полјакот Роберт Левандовски, остварен во сезоната 2020/2021.– Верувам дека Хари може да направи сѐ. Тој го прави она што отсекогаш го правел во текот на неговата кариера. Тој постигнува голови, тој е модел, тој е одличен пример – рече тренерот на Баерн, Томас Тухел, пренесе агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).Пред натпреварите во домашните првенства вчера Кејн со 30-те гола води и во трката за „златна копачка“ на Европа, со вкупно 60 бода, пред Аргентинецот Лаутаро Мартинез од Интер со 46 бода, Французинот Килијан Мбапе од ПСЖ со 42 бода… Кејн, Мбапе и Норвежанецот Ерлинг Холанд (Манчестер сити) водат на листата на стрелците во Лигата на шампионите (ЛШ), со по шест гола. Н.М.


2 views

Comments


bottom of page