top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кејн: Пресуди еден момент во кој не фатија на спиење еуро 2024 фудбал

15.07.2024 Juli Ponedelnik

Хари Кејн останува без освоен трофеј и по денешното финале на Европското првенство во Берлин, резултат кој носи големо разочарување за англискиот капитен, но и сите кои безрезервно ја бодреа репрезентацијата.

Кејн денеска беше изваден на мечот со Шпанија по еден час игра и немаше никаков учинок во офанзивниот дел, но како капитен ја презема одговорноста прв да излезе со изјава пред новинарите.

– Тешко е да се преточи во зборови тоа што го чувствувам во моментов. Ова беше тежок меч за нас, направивме добро со враќањето, но не успеавме да добиеме повеќе од израмнувачкиот гол.

– Се враќавме од негатива цел турнир, зборувавме за тоа во соблекувалната. За жал, не го направивме следниот чекор и не победивме. Во вториот дел бевме подобри од првиот и на крајот бевме фатени на спиење со еден центаршут.

– Ова е испуштена шанса за нас, не е лесно да се стигне до финалеее. Треба да го зграбите трофејот кога добивате шанса, а ние тоа го испуштивме вторпат. Екстремно е болно и ова ќе боли уште долго, – изјави Кејн.




1 view

Comentários


bottom of page