Кејн објасни зошто сака да игра со Меси: Сигурен сум…
Хари Кејн и Лионел Меси се две фудбалски имиња, вистински мајстори на својот занает, но и фудбалери кои во досегашните кариери немале можност да го делат теренот, поточно да бидат дел од иста екипа. Кејн по долгата епизода во Тотенхем се пресели во Баерн Минхен каде е незапирлив и реди голови од натпревар во натпревар, додека пак Меси во патувањето со Барселона мина две години во Пари Сен Жермен од каде заврши во МЛС составот Интер Мајами каде имаше неколку добри седмици, месеци и веќе успеа да му донесе трофеј на овој клуб. Дали Кејн и Лео можат да се спојат во некој клуб е тешко прашање, опција која засега е нереална, но англискиот репрезентативец признава дека сака тоа да се случи затоа што верува дека би имале страшна соработка. -Би сакал да играм со Меси. Да, тој е еден од најголемите играчи што ја играле оваа игра, сигурен сум дека би ми дал по некоја асистенција. Да, сигурен сум во тоа, -вели голгетерот за „ЕСПН“.
留言