Кејн: Луѓето очекуваа да победиме со 6-0, но Македонија е тим кој ја исфрли Италија од СП
Англија не ја оправда улогата на фаворит и освои само бод на вечерашниот меч против Македонија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Островјаните лесно не совладаа на првата пресметка на „Олд Трафорд“ (7-0), па јавноста, англиските навивачи очекуваа нова висока победа, меѓутоа избрниците на Милевски одиграа борбено низ сите 90 минути и ремизираа (1-1) против актуелниот европски вицешампион.Англија не ја оправда улогата на фаворит и освои само бод на вечерашниот меч против Македонија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Островјаните лесно не совладаа на првата пресметка на „Олд Трафорд“ (7-0), па јавноста, англиските навивачи очекуваа нова висока победа, меѓутоа избрниците на Милевски одиграа борбено низ сите 90 минути и ремизираа (1-1) против актуелниот европски вицешампион.
-Тежок натпревар, знаевме дека ќе биде и беше тешко против пристојна екипа која игра на терен на кој е тешко да се игра нашиот стил на фудбал. Бевме во негатива од 1-0 по мекиот пенал. Беше добро што истрчав на теренот, секогаш се трудам да му помогнам на тимот без разлика дали се работи за 90 или 10 минути. За нас беше важно да израмниме и штета е што не успеавме да постигнеме втор погодок -истакна Хари Кејн и додаде:
-Мислам дека тоа беше автогол, сосема сигурно. Ако некој сакаше да даде втор гол, тоа бевме ние. Против Малта бевме неспретни со топката, денеска добиваме удари преку контра напади и мекиот пенал. Игравме против тим за кој луѓето очекуваа дека ќе го победиме пет или шест нула, но да не заборавиме тие ја исфрлија Италија во квалификациите (баражот) за СП. Можеме да бидеме навистина горди на тоа како помина квалификациската кампања, -порача напаѓачот на Баерн Минхен за „Канал 4“.
Comments