Кејн и Сон сега се рекордери со 37 заеднички асистенции
28.02.2022 Februari Ponedelnik
ФУДБАЛ – ПРЕМИЕР -ЛИГА
Хари Кејн и Сон Хеунг-мин по рекорден 37-ми пат си асистираа еден на друг при постигнувањето гол во англиската фудбалска Премиер-лига, на мечот Лидс – Тотенхем, 0-4. Тоа се случи во 85. минута, кога Кејн му асистираше на Сон за четвртиот гол. Кејн постигнал 99, а Сон 61 гол кога биле заедно во тимот. Сон му асистирал на Кејн во 19 наврати, а тој му возвратил 18 пати, што значи дека 37 од нивните 160 гола биле во копродукција. Нивните 14 комбинации во сезоната 2020/2021 беа рекорд во една сезона. Во новата сезона Кејн му асистираше на Сон против Њукасл во октомври, а првиот гол на капитенот на Англија против Манчестер сити дојде по центаршутот на Сон. На мечот со Лидс се повтори тоа. Зад Кејн и Сон е тандемот на Челси, Дидие Дрогба и Френк Лампард, со 36 асистенции меѓу себе. Лампард е најдобар стрелец на Челси, Дрогба четврти на таа листа, а нивните кариери на „Стамфорд бриџ“ се совпаднале доволно долго за да постигнат 152 гола кога биле заедно во тимот. На третото место на оваа листа се Тиери Анри и Робер Пирес од Арсенал, со 29 асистенции. Тоа партнерството е со најдолг стаж и со најмногу голови, 162 кога биле заедно на теренот. Анри постигнал 108 гола, двојно повеќе од Пирес, но нивната синергија беше најочигледна во 29-те гола на кои си асистираа. Серхио Агуеро и Давид Силва од Манчестер сити, исто така, се со 29 асистенции. Агуеро е најдобар стрелец странец во Премиер-лигата, со 184 гола. Кога биле заедно во тимот, тој постигнал 133, а Силва 28 гола. Силва му помогна на Агуеро да постигне 20 гола, а Аргентинецот му возврати девет пати.
コメント