Кејн за уште една потенцијална сезона без трофеј: Зависи што подразбирате под неуспех
16.04.2024 April Vtornik
Хари Кејн ги оправда очекувањата по пристигнувањето во редовите на Баерн Минхен, но неговата екипа остана со можност да освои трофеј само во Лигата на шампионите.
Англискиот репрезентативец никако да дочека трофеј во својата кариера, па новинарите не пропуштиле да го „пецнат“ на оваа тема и во пресрет на утрешниот дуел со Арсенал.
На прашањето дали сезона без трофеј може да се смета за неуспех, Кејн индиректно посочил не неговите индивидуални постигнувања и дека тие за жал не донеле бенефит за целиот тим.
– Зависи што подразбирате под неуспех.
– Нормално е дека секој фудбалер и секој клуб посакува трофеи, тоа а основна цел, но истовремено е и процес.
– Сакаш да напредуваш како фудбалер и да му покажеш на светот што можеш да направиш, ги поместуваш личните лимити и се надеваш дека и тимот ќе има бенефит од тоа.
– Од аспект на клубот ќе биде разочарување ако не освоиме ништо, но ќе мора да го употребиме тоа за следната сезона да ги свртиме работите во наша корист. Можете да направите многу добри работи во текот на сезоната и повторно да загубите. Ние се уште можеме да извлечеме одлична сезона ако триумфираме во Лигата на шампионите, – рекол Кејн.
Bình luận