top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кејлеб Дресел и Ема Мекеон најтрофејни

Updated: Aug 11, 2021

10.08.2021 Avgust Vtornik

ПЛИВАЊЕ – ЛОИ ТОКИО

Американскиот пливач Кејлеб Дресел (24) и австралиската пливачка Ема Мекеон (27) се најтрофејните спортисти на 32. Летни олимписки игри (ЛОИ) во Токио. Дресел освои пет златни медали од шест трки. Тој стана олимписки победник на 50 и 100 метри слободно, 100 м пеперутка, а беше дел и од штафетните трки 4х100 м слободно и 4х100 м мешано. Постави нов светски рекорд на 100 м пеперутка (49,45 сек.) и два нови олимписки рекорди на 50 м слободно (21,07 сек.) и на 100 м слободно (47,02 сек.). Австралијката Мекеон, пак, речиси го повтори она што го направи Дресел. Таа стана олимписка победничка на 50 (23,81 сек.) и 100 м слободно (51,96 сек), со олимписки рекорди. Мекеон учествуваше и во освојување на златото на двете штафети на Австралија, 4х100 м слободно, со нов светски рекорд (3:29,69 мин.) и 4х100 мешано, со нов олимписки рекорд (3:51,60 мин.). Покрај четирите златни медали, Мекеон освои и три бронзени, во трките 100 м пеперутка и штафетните трки 4х200 м слободно и 4х100 м мешано. Меѓу 10-те најуспешни спортисти во Токио по бројот на освоени медали, дури шестмина се пливачи и пливачки, а Дресел е единствениот маж на топ 10 листата.


4 views

Comments


bottom of page