top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кетрин Денев по преживеаниот мозочен удар, годинава се врати во Кан

За филмската дива Кетрин Денев, икона на Канскиот фестивал од 1960-те години, годинашното издание на фестивалот има посебна важност. Славната актерка изјави дека годинашниот Кански фестивал најмногу ја трогнал по пандемијата со коронавирусот и мозочниот удар што го преживеа во 2019 година.

Денев иако веќе наполни 77 години, се уште се појавува во бројни филмови од француската кинематографија. Облечена во црно елегантно здолниште дополнето со златна огрлица, Кетрин Денев во саботата повторно се врати во Кан на премиерата на филмот „Peaceful“ од француската режисерка Емануел Беркот.

Славната актерка беше пречекана со овации, што кај неа предизвика уште посилни емоции.

„Беше апсолутно извонредно. До последен момент се прашувавме дали Фестивалот навистина ќе се одржи. Го познавам овој фестивал многу долго. Секој пат е нешто сосема поинакво. Но мислам дека никогаш не сум била толку трогната како вчера кога влегов во киното и видов на кој начин публиката ме поздрави мене и филмот“ – изјави 77-годишната актерка.

Во ноември 2019 година, Кетрин Денев беше хоспитализирана во Париз откако претрпела полесен мозочен удар како што изјави нејзиното семејство.


2 views

Comments


bottom of page