Search
Кендал Џенер во гламурозен фустан како од бајките
Кендал Џенер синоќа беше фотографирана како излегува од хотелот „Карлајл“ во Њујорк пред да се упати на модниот настан „Мет гала“ во Метрополитен музејот на уметност. Кендал со насмевка на лицето го поткрева фустанот за побрзо да стигне до своето возило. Ѕвездата од модните писти (26) има нов изглед на избледени веѓи и потемна коса. А кога се појави на настанот, Кендал дефинитивно беше гламур на дело. Таа воодушеви во црн проѕирен топ и раскошно асиметрично здолниште украсено со набори. Модерна бајка – креацијата има долг и драматичен дел кој се влече зад неа додека чекори по црвениот тепих.
Comments