top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кемниц, Фрибург, Волунтари и Тофаш во трка за место во ЛШ

КОШАРКА – КВАЛИФИКАЦИИ ВО СКОПЈЕ

Aктуелниот победник на Купот на Македонија во кошарка за мажи, ТФТ, не успеа да го мине првото квалификациско коло за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите (ЛШ). Скопјани се поразени од фаворизираниот германски претставник Кемниц, со 77-96, и со тоа ги загубија шансите за пласман во најквалитетното клупско натпреварување што го организира Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), а кое турнирски се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, со учество на шест екипи.

За скопски ТФТ ова беше нов историски натпревар, по ланскиот настап во квалификациите за Еврокупот. Лаклан Андерсон со 27 поени, од кои седум тројки, беше најефикасен во редовите на ТФТ, во кој уште Трент Батрик и Страхил Николов беа двоцифрени, со по 11 уфрлени коша, додека кај бундеслигашот Кемниц најпрецизен беше Марко Филиповити, со 26 поени.

Во полуфиналето, кое е на програмата денеска, германскиот тим ќе игра со швајцарски Фрибург (21 ч.), а втората натпреварувачка двојка ја сочинуваат турски Тофаш и романски Волунтари (18 ч.). Волунтари во четврт-финалето со 70-61 славеше против британски Лестер. Финалниот натпревар се игра в недела, во СЦ „Борис Трајковски“ (20 ч.).

Вакви квалификациски турнири во ЛШ има вкупно четири, а покрај Скопје, организатори се уште Белград, Малага и Лисабон. Само победниците на турнирите ќе играат во групната фаза во ЛШ. Г.И.


1 view

Comments


bottom of page