Кевин Мекалистер се враќа? „Дизни“ подготвува нов „Сам дома“, а Маколи Калкин ја има главната идеја
- Aleksandar Santovski
- Jul 30
- 2 min read
30.07.2026 juli Cetvrtok
Култниот филм „Сам дома“ (Home Alone) би можел да добие ново продолжение, а според информациите на списанието „Пипл“, токму Меколи Калкин е човекот што стои зад идејата.
Извор за „Пипл“ открил дека проектот е во многу рана фаза на развој.„Сè уште е многу рано. Засега е само идеја, но речиси има зелено светло од Дизни“, вели изворот.
Според истиот извор, „Дизни“ бил воодушевен од идејата на Калкин и сите вклучени би сакале проектот да се реализира.
Компанијата и актерот засега не ги коментирале овие информации.
Според емисијата „Тудеј шоу“, замислата на Калкин е повторно да го игра Кевин Мекалистер, но овојпат како возрасен човек и татко.
Актерот уште во 2025 година откри дел од својата идеја за можен нов филм.„Замислив дека сум или вдовец или разведен. Сам го одгледувам детето, постојано работам и не му посветувам доволно внимание. Детето почнува да ми замерува, а потоа јас останувам заклучен надвор од сопствената куќа“, рече Калкин за време на својата турнеја „Носталгична вечер со Маколи Калкин“.
Во неговата верзија на приказната, улогите целосно се менуваат – наместо Кевин да поставува замки за провалници, тоа го прави неговиот син за да не му дозволи на татко му да влезе во домот.
Оригиналниот „Сам дома“ беше премиерно прикажан во 1990 година и стана еден од најпопуларните божиќни филмови на сите времиња. Приказната го следеше малиот Кевин, кого семејството случајно го остава сам дома додека заминува на одмор во Париз.
Кога двајца крадци ќе се обидат да провалат во куќата, Кевин поставува низа генијални стапици за да ги спречи.
Калкин повторно ја толкуваше оваа улога во продолжението „Сам дома 2: изгубен во Њујорк“ (Home Alone 2: Lost in New York) од 1992 година. Подоцна беа снимени уште неколку продолженија со различни актерски екипи, како и преработка за „Дизни плус“ во 2021 година.






Comments