top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кварацхелија: Пораснав гледајќи го Реал, сега ќе направам се за да ги победиме

Наполи и Реал Мадрид ќе се соочат вечерва во Неапол во дерби натпреварот во Лигата на шампионите.

Ова е голем предизвик за актуелниот италијански првак кој нема најдобар стар на сезоната во Серија А, но ова е друго натпреварување кое секогаш носи дополнителна мотивација особено кога играте против најтрофејниот тим во елитното друштво.

-Пораснав гледајќи го Реал на ТВ и сега тие ми се ривали на теренот, згора на се на нашиот стадион. Невозможно е да не се биде среќен со ваква ноќ. Ние сме тим кој ги почитува сите, но не се плаши од никого. Ние сме шампиони на Италија и ќе направиме се што можеме за да го добиеме овој натпревар, -порача Квича Кварацхелија кој откри дека Гуту и Кристијано Роналдо биле негови идоли.

-Гледав и се обидов да ги имитирам, тие беа инспиративни. Го сакав начинот на кој [Гути] се однесуваше со топката. Го гледав целото мое детство и не ни замислував дека еден ден ќе ми се јави да ми го даде својот дрес. Си пишавме пораки и тоа ме направи среќен. Тоа беше како исполнување на сонот на малиот „Квича“, -истакна Грузиецот за „АС“.

Срeдбата Наполи-Реал се игра од 21 часот на „Диего Армандо Марадона“.


0 views

Comentários


bottom of page