top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кварацхелија му се обрати на Роналдо пред утрешната пресметка: Се надевам дека ќе ми го исполни сонот

25.06.2024 juni Vtornik

Квича Кварацхелија е најголма ѕвезда во грузискиот тим кој пишува убава приказна на ова Европско првенство, кое е всушност прво за оваа репрезентација во фудбалската историја.

Грузијците го освоија првиот бод против Чешка во второто коло, па иако во последното коло влегуваа како аутсајдери во дуелот со Португалија, целта на Квича и соиграчите е да го дадат својот максимум.

Фудбалерот на Наполи вели дека натпреварот против Португалија ќе биде посебен за него поради фактот што ќе игра против својот идол, до кого испрати и директна порака пред натпреварот.

– Не сум вознемирен, но ова е момент за кој сонував. Сакав да играм против Роналдо, мојоот идол. Тој веќе не игра во Европа, но се најде во нашата група на Европското првенство.

– Понекогаш соништата стануваат реалност и се надевам дека ќе го исполни мојот. Се надевам дека ќе го напуштам теренот со дресот на Роналдо во моите раце, се надевам дека ќе ми го подари својот дрес. Ќе биде незаборавно да се игра и против Пепе, очекувам да доживеам едно незаборавно искуство, – изјави Кварахелија пред утрешниот меч.


0 views

Comentarios


bottom of page