top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Квалификациите за САД опен без публика

ТЕНИС

Со цел да обезбедат здрава и безбедна средина за тенисерите, нема да биде дозволено присуство на навивачи за време на квалификациските натпревари на гранслем-турнирот САД опен, соопштија организаторите, а пренесе Би-би-си. – Ова беше особено тешка одлука за Американската тениска асоцијација (УСТА), со оглед на огромната популарност за следење на квалификациите за САД опен. Но по консултација со локалните здравствени власти и медицинскиот тим на САД опен, беше утврдено дека тоа е вистинската одлука за да се обезбедат здравјето и безбедноста на сите – стои во соопштението на организаторите, кои потврдија дека за време на главниот турнир ќе биде дозволено присуство на публика на трибините. Поради ковид-19, капацитетот во затворен простор во националниот тениски центар „Били Џин Кинг“ во рамките на „Флешинг Медоус“ е намален, па дел од тенисерите ќе ги играат квалификациските мечеви на отворено. Улогата на бранители на титулите на последниот гранслем-турнир во тенискиот календар ќе ја имаат Австриецот Доминик Тием и Јапонката Наоми Осака.


2 views

Comments


bottom of page