Кајт по големата победа на Фенербахче: Многу научив во Ливерпул…
05.11.2026 Noemvri Cetvrtok
Фенербахче направи изненадување и славеше над Ливерпул со 3-2 во средбата од четвртото лигашко коло во Лигата на шампионите.
Домаќините го дочекаа овој меч во лоша форма, атмосфера и Дирк Кајт како привремено решение на тренерската позиција, но иако двапати губеа се вратија во игра и на крајот дури и победија што за нив беше прво славје во елитното натпреварување по 2008 година.
-Многу сме горди на оваа победа. Победивме во ова натпреварување за прв пат по 18 години, победувајќи еден од најуспешни клубови – тим кој славно направи чудесен камбек за да ја освои Лигата на шампионите тука во Истанбул. Пред почетокот, многу луѓе ни дадоа малку шанси, но ние верувавме во себе. Интензивно притискавме и игравме со огромна енергија и сме воодушевени што им подаривме на нашите навивачи незаборавна ноќ, -порача Кајт.
-Овие два клуба ми значат толку многу. Мајка ми и татко ми се најважните луѓе во мојот живот, но исто така научив многу во текот на моите шест сезони како играч на Ливерпул. Најважната лекција беше никогаш да не се откажувам, без разлика на сè. Тоа е она што се обидов да го всадам во моите играчи.
-Тие се многу добри играчи, но, како што знаете, не бевме во добра форма. Можеби највредното нешто е што можам да го пренесам она што го научив во еден клуб во друг. Гледањето на моите играчи што ја покажуваат таа самодоверба ме направи многу среќен, -дополни Холанѓанецот кој тука ја завршува епизодата на жешкото столче кое сега го презема Емре Белогозлу.







Comments