Кајли Џенер изгуби еден милион следaчи за неколку дена по исмевањето на Селена Гомез
Таблоидите веќе неколку дена по ред пишуваат за наводниот раздор меѓу пејачката и актерка Селена Гомез и магнатот за убавина Кајли Џенер со коментар дека Кајли е таа што се соочува со последиците.
Младата милијардерка и една од најголемите светски инфлуенсерки изгуби речиси милион следачи на „Инстаграм“ по негирањето дека јавно ја исмеа Селена поради нејзиниот изглед.
Минатата недела корисничка на „Тик-ток“ обелодени дека Кајли дала навредлив коментар за веѓите на Гомез (30) на оваа социјална мрежа набргу откога Гомез сподели приказна за своите веѓи.
Основачката на „Кајли козметикс“ (25), која неодамна се пофали со своите облини за да го промовира сопствениот бренд за убавина, изгуби повеќе од половина милион фанови, според SocialBlade.com.
А „Инстаграм“ покажа дека вкупната загуба ќе биде еден милион следачи за изминатиот месец, при што Кајли падна од речиси 380 милиони на 379 милиони следачи на платформата.
Селена, која јавно зборуваше за своите проблеми со менталното здравје, најави дека паузира од социјалните мрежи. Таа нема објавено ништо на својот профил на „Тик-ток“ од 22 февруари.
Бројот на луѓе што почнуваат да ја следат Селена на „Инстаграм“ постојано се зголемува, а според „Инстаграм“, осум милиони луѓе ја заследиле од почетокот на наводната караница.
Comments