Кајли Миног ја продаде куќата во Лондон за 6 милиони фунти
Кајли Миног го продаде својот дом во западен Лондон за повеќе од 6 милиони фунти (10 милиони долари) и оствари профит, пренесуваат британски медиуми. Поп-принцезата наводно оствари добивка од 775.000 фунти на имотот со пет спални соби 12 години по купувањето. Извор за рубриката „Бизар“ на весникот „Сан“ изјави: „Кајли е итра бизнисменка, како и музичка суперѕвезда и таа реши да ја продаде својата куќа во западен Лондон наместо да ја задржи за изнајмување. „Ја купи за 5,25 милиони фунти во 2010 година и имаше толку многу среќни спомени од живеењето таму“, додава изворот. Кајли (55) претходно откри дека се преселува во родната Австралија и, според инсајдерот, ѕвездата од топ-листите не може да биде посреќна. „Откога реши да се пресели, ја огласи на пазарот и доби нешто повеќе од шест милиони фунти“, вели инсајдерот. Во меѓувреме, Кајли неодамна инсистира на тоа дека нема да го промени стилот на облекување за да ги задоволи оние што ја критикуваат. Наградуваната ѕвезда ќе продолжи да носи што сака – без разлика што велат нејзините критичари. Кајли, која е најпродаваната австралиска уметница на сите времиња, за весникот „Сан“ во неделата изјави: „Не е важно да бидеш секси, туку да бидеш тоа што си. Нема да одам секаде во чизми до бутовите и костим. Но, во ‘попленд’ (земјата на попот), тоа сум јас.
Comments