top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Кајли Миног и Џејсон Донован се враќаат во „Соседи“

Кајли Мино и Џејсон Донован се враќаат во австралиската сапуница Neighbors („Соседи“), објавија продуцентите во неделата. Двете австралиски ѕвезди ја започнаа својата кариера во маратонската серија, која ќе престане да се емитува следниот месец по 37 години. Кајли и Џејсон се согласија да се појават во последната епизода. Продуцентската куќа „Фримантл“ се обиде да ја „вдоми“ серијата во Британија, каде со децении има култни следачи, откако Channel 5 објави дека повеќе нема да ја емитува. Сепак, не успеа. Пред да станат популарни во светски рамки, Миног и Донован глумеа телевизиска двојка во популарната сапуница, и тајно беа пар и во реалниот живот. Таа романса заврши кога Кајли го запозна пејачот на „Инексес“ Мајкл Хаченс. „Возбудени сме што Џејсон и Кајли се согласија да играат посебна улога во финалето на серијата“, објави извршниот продуцент на серијата Џејсон Хербисон.




4 views

Comments


bottom of page