top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Кафез кај кокони“ на Драмскиот театар вечерва го отвора фестивалот „5ре“ во Велес

„Кафез кај кокони“ на Драмскиот театар – Скопје, вечерва, во 20 часот, на сцената на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ – Велес, го отвора второто издание на фестивалот „5ре“. Премиерата на „Кафез кај кокони“ на режисерот Димче Николовски се изведе во саботата. Текстот е на францускиот автор Жан Пуаре. Режисерот Николовски заедно со Благоја Бошковски-Буцко се сценографи на претставата. Костимографи се Раде Василев и Елена Вангеловска. Кореограф на претставата е Кренаре Невзати-Кери. Преводот е на Радмила Јорданова и Благоја Бошковски-Буцко. Адаптацијата и изборот на музиката се на Александра Бошковска и Благоја БошковскиБ-уцко. Улогите во „Кафез кај кокони“ ги толкуваат актерите: Жорж – Филип Трајковиќ, Албен – Александар Степанулески, Жакоб – Стефан Вуисиќ, Табаро – Предраг Павловски, Мерцедес – Димитрија Доксевски, Зорба – Маја Вељковиќ Пановска, Лоран – Дамјан Цветановски, Камиј – Соња Стамболџиоска, Едуар – Златко Митрески, Мјуриел – Нела Павловска, Симон – Емилија Мицевска и во улогата на Саломе – Бранко Атанасов. Инспициент на претставата е Гоце Бојчев, а суфлер е Жаклина Цветковска. Александра Бошковска за претставата вели дека станува збор за француската фарса што ја освојува публиката на прв поглед. „Кафез кај кокони“ (La cage aux folles) ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија. Игрив и забавен, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет. Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесетти, претставата на Драмскиот театар – Скопје, „Кафез кај кокони“, сака да прикаже дека педесет години потоа овие прашања сè уште се отворени и провоцираат дијалог преку истата структура на хумор, игривост и дрскост. Комичниот заплет е толку шармантно уникатен што провоцира две филмски адаптации – La cage aux folles (1978) и The Birdcage (1996), како и ексклузивна преработка во мјузикл за Бродвејската сцена во 1984. „Кафез кај кокони“, утре, 16 мај, во 20 часот игра на матичната сцената на Драмскиот театар – Скопје. Претставата не се препорачува на лица помлади од 18 години.


0 views

Comentarios


bottom of page