Катар влегува во Формула 1, првата трка за помалку од два месеца
30.09.2021 Septemvri Cetvrtok
Катар ќе биде нов домаќин на Формула 1 трките, а патеката Лусоил првпат ќе ги пречека Ф1 тимовите веќе во ноември оваа година.
Раководството на Формула 1 утринава ги потврди најавите дека единствената трка за која не беше објавен домаќинот ќе се вози во Катар, земја која потпишала десетгодишен договор со сопствениците на најатрактивното моторспорт натпреварување.
Првата трка во Катар ќе се одржи за неполни два месеца, односно на 21. ноември, по што оваа земја ќе влезе редовно во календарот од 2023 година па натаму.
На патеката Лусоил од 2004 година се возат трки во Мото ГП шампинатот, а од 2023 година редовно ќе има и Формула 1 викенд.
Со ваквиот епилог, оваа сезона ќе има целосен финиш во богатите азиски земји, односно по таа во Катар ќе следуваат трките во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (Абу Даби).
Comments