Search
Каталогот на покојниот рокер Дејвид Боуви продаден на „Ворнер мјузик“
Издавачката единица на „Ворнер мјузик груп“ го купи целиот каталог на покојната британска рок-ѕвезда Дејвид Боуви, кој опфаќа шест децении, вклучувајќи хитови како Heroes и Let’s Dance. Боуви, кој ги помести границите на музиката за да произведе некои од најиновативните песни на својата генерација, почина во 2016 година на 69-годишна возраст. Договорот помеѓу наследниците на Боуви и „Ворнер мјузик“ вклучува песни од 26 студиски албуми објавени за време на неговиот живот, како и постхумното издание на албумот „Toy“. „Ворнер мјузик“ не ги откри финансиските услови на договорот во своето соопштение во понеделникот (3 јануари), но доверлив извор изјави за „Ројтерс“ дека цената на каталогот била приближно 250 милиони долари.

Comments