Касилјас: Никој нема да се сеќава на лудите пресврти на Реал ако…
Во сабота се игра финалето на Лигата на шампионите каде Реал Мадрид ќе се соочи со англискиот вицепрвак Ливерпул.
Овој меч воедно е реприза на завршницата на елитното натпреварување од пред неколку години кога „кралевите“ беа поуспешни и се радуваа на пехарот. Секако сега нивна желба е тоа да го потврдат, додека од друга страна пак „црвените“ сакаат одмазда и да покажат зошто во моментов се меѓу најдобрите тимови на светот.
Шпанскиот великан имаше потежок пат до Париз, мораше да прави епски пресврти против ПСЖ, Челси и Манчестер Сити за да дојде во сегашната позиција, но според славниот Икер Касилјас сето ова ќе се заборави ако на крајот момците на Анчелото не го креват трофејот.
-Сите кам-бекови се многу добро, но сега треба да го обезбедите тоа, ни недостасува црешата. Ако не ја обезбедите таа цреша, тортата нема да биде целосна, нели? Ако пехарот не стигне во кабинетот, никој нема да се сеќава што се случи со ПСЖ, Челзи и со Манчестер Сити. За да биде возбудливо, треба да биде до крај, со наградата., -вели Икер кој даде и кратка анализа за тоа што може да биде пресудно.
-Реал Мадрид и Ливерпул се двете најдобри екипи во светот во моментов и го заслужуваат ова финале. Секој со своите играчи и својот стил, не може да прави грешки. И мислам дека тоа е клучот, да се направат помалку грешки, да се биде практичен и интелигентен, -порача Шпанецот.
Comments