Касилјас за играчот кој Бензема сакал да го претепа: Направи ми го тоа уште еднаш и ќе те испратам в
Касилјас за играчот кој Бензема сакал да го претепа: Направи ми го тоа уште еднаш и ќе те испратам во болница!Карим Бензема има поминато многу во досегашната кариера, а круна на истата дефинитивно е освоената „Златна топка“ во оваа календарска година.
Французинот има освоено многу титули, има даде многу голови, запишано асистенциии и важи за човек кој е вистински професионалец. Меѓутоа и на најдобрите им се случува понекогаш да „пукнат“ што било случај со Бензема кој бил изнервиран од еден негов соиграч од Реал Мадрид.
Имено легендарниот Икер Касилјас откри дека Бензема еднаш експлодирал на тренинг и тоа откако Месут Озил кој е голем техничар го посрамотил напаѓачот.
-Бевме на тренинг, беше зима. Месут е одличен техничар и успева да прави различни потези со топката во неговите нозе. Во меѓувреме, Месут и Карим се сретнаа лице в лице. Озил потоа изведе „сомбреро“, односно ја префрли топката над Карим и потоа му ја протна низ неговите нозе. Бензема се налути затоа што тоа толку многу го мразеше.
-Потоа го грабн и сериозно му се закани: „Направи ми го тоа уште еднаш и ќе те испратам во болница“. Озил се насмеа и тренингот продолжи, -откри Икер.
Comentarios